Историја

За нас

 

Основното училиште за возрасни ”А.С. Макеренко” е единствена установа со основна дејност образование на возрасни во градот Скопје и во Република Македонија. Се наоѓа во северо-источниот дел на градот Скопје во општина Чаир на ул. Џон Кенеди бр.32.

Општина Чаир се наоѓа во северниот дел на град Скопје, се граничи на југ со општина Центар, на запад со Општина Карпош, на исток со општина Гази Баба и на север со општина Шуто Оризари и Бутел.

Училиштето има богата традиција и постои повеќе од 50 години. Најнапред од 1963 до 1972 година под името ОУ за возрасни ”Кочо Рацин”, а од 1973 година до денес  со сегашното име  ”А.С.Макаренко”.

Работи како Централно училиште со повеќе подрачни центри во градот и неговата околина, односно секаде каде има заинтересирани посетители кои го немаат оформено основното образование. Бројот на посетители и распоредот на подрачните центри со текот на годините се менувал во зависност од потребите на посетителите и општествените промени. Наставата се одвива на мaкедонски и на албански наставен јазик.

Училиштето на сите заинтересирани посетителите им нуди можност за дооформување и завршување на основното образование за понатаму да го продолжат своето образование во средните училишта.

Училиштето располага со високо стручен наставен кадар.