Календар за работа

КАЛЕНДАР

 

За работа на училиштето.

 

Календарот за работа на училиштето  :

  1. Учебната година ќе започне на 01.09, а ќе заврши на 30.08, при што ќе се реализираат 180 наставни, односно работни денови.
  2. Зимскиот распуст ќе започне на 30.12 и ќе трае до  19.01 
  3. Второто полугодие ќе почне на 22 .01  и ќе заврши на 08. 06 
  4. Неработни денови се :

          –  08 Септември  –   Ден на независноста ;

         –   прв ден Рамазан Бајрам;

  • 11 Октомври – Ден на народното востание ;
  • 23 Октомври – Ден на Македонската Револуционерна Борба
  • 8 Декември -”Св. Климент Охридски”
  • 1 Јануари – Нова година ;
  • 7 Јануари – Прв ден Божиќ
  • 9 Април – Велигден , втор ден
  • 1 Мај  – Ден на трудот.
  • 24 Мај – “Св. Кирил и Методиј”
  1. Денот на училиштето ќе се одбележи работно и свечено на 13 март.
  2. Летниот одмор за учениците започнува на 10.06  и ќе трае до 31.08 .
  3. Поправните испити за посетителите од IV г. ќе се организираат во законскиот рок и за двете години.
  4. Од 11 до 31.06  средување на педагошката администрација, документација, и евиденција.
  5. Во месеците јуни, јули, и август и септември – запишување на нови посетители и формирање на образовни групи за новата учебна година.
  6. Од 14.06. до септември – посета на семинари и сл. како и одржување совети на стручни активи.
  7. Наставничките и Одделенските совети ќе се одржуваат на крајот на тромесечијата и полугодијата.
  8. Родителските средби , по потреба, ќе се одржуваат само со родителите на посетителите – адолесценти.