Мисија –
“Образованието е клуч за излез од сиромаштија, адаптација и интерграција во опшстевниот живот“
Мисијата на Основното училиште за возрасни „А.С.Макаренко“е да едуцираме и образуваме ученици преку редовна и подготвителна настава во една атмосфера каде стучниот кадар се грижи сите што немат завршено основно образование тоа да го завршат и да се спремат за подобар живот. Посетителите од консултативна и редовна настава можат да стекнат потребни знаења и вештини за да бидат конкурентни на пазарот на трудот.
Всушност се отсликани и клучните цели за подобрување на квалитетот на наставата и подобри услови за работа,низ еден процес на постојан развој и вложен континуиран напор на сите субјекти.
Училиштето го поддржува професионалниот развој на наставниот кадар и обезбедува еднакви можности за развој и образование на учениците.
Вградува норми за меѓусебно почитување и однесување со изградени јасни ставови за прифаќање на предизвиците што ни ги носи современиот ритам на живеење.
Слоган: „Доживотно учење“
Слогани
- Образование за сите…..
- Обука на младите и возрасните за подобар живот
- Учење од раѓење до крајот на живот
- Со квалитет и посветеност до врни резултати за подобро утре..
Визија–
„ Се стремиме училиштето да биде пријатно место во кое учениците – посетителите ќе стекнуват не само знаења,туку и вештини, умеења ,навики и ставови „
Работиме на тоа училиштето да биде место каде учениците,посетителите успешно ќе се едуцираат, место каде ќе се следат и вреднуваат ученичките знаења според квалитетот.
Предност е јакнење на чувството на демократијата во работењето, вработените да учествуваат во донесувањето на одлуки, решавање на одредени проблеми и понесување одговорност.
Се стремиме училиштето да биде и пријатна средина во која учениците ќе стекнуваат не само квалитетни знаења, туку и умеења навики и ставови, средина на заемна соработка со родителите и локалната средина,образовна установа со висок професионален однос на наставниот кадар.