Наставни центри

 Преглед на формирани образовни групи и образовни центри

 

Во учебната 2014/2015година, училиштето работи во следните образовни центри и образовни години :

 

 

 

Подрачен центар

Тип на настава, број и вид на образовна година Вкупно образовни години
редовна настава подготвителна   настава                    
I-II III IV III-IV
1.Централно училиште 1 1 1 1 4
2. Маџари 2 1 1 / 2
3.Македонски Каритас 3 / / /

 

3
4. Лирија 1 1 2 1 5
5. Студеничани / 1 1 / 2
6. Арачиново / 1 1 / 2
7.КПУ Идризово 1 1 1 / 3
8.Илинден 1 1 1 / 3
9.Браќа Рамиз-Хамид / 1 1 / 2
Вкупно: 9 8 9  

2

 

28

Вкупно: 26

 

 

1.Централно училиште , со административни и помошни простории , работи со 3 оброзовни групи во редовна и 1 образовна група во подготвителна настава. Центарот располага со 3 училници со вкупна квадратура од 180 м. кв. , канцеларии за директорот, секретарот и педагогот, со вкупна квадратура од 29 м2  , просторија за наставници од 25 м2 , простор за огревно дрво од 50 м2 , просторија за документација и архива од 15 м2 Општо земено центарот ги задоволува во целост педагошките услови за нормално одвивање на воспитно-образовниот процес. Наставата  се одвива во две смени прваата од 12ч втората од 15ч.

2.Подрачен центар Маџари, работи со 4 образовни групи во редовна настава.Наставата  се одржува во две смени и тоа од 13-15часот, втората 15-18 часот. Вкупната корисна површина на објектот со училниците, помошните и санитарните простории изнесува околу 560м2.

  1. Подрачен центар Македонски Каритас, работи во просториите на Македонски Каритас со 3 образовни групи. Условите за работа се нормални и ги задоволуваат сите критериуми. Наставата од 14 часот.
  2. Подрачен центар Лирија работи во просториите на ОУ “Лирија” општина Чаир . Каде наставата  се одвива во 4 образовни групи  со редовна настава и 1 со подготвителна настава. Условите за работа се нормални. Наставата започнува во зависност од завршетокот на редовната настава во училиштето, но не подоцна од 16 часот.

5.Подрачен центар Студеничани,  работи во просториите на ОУ “Н.Фрашери” со две образовни групи. Условите за работа се добри. Наставата  се одвива во попладневните часови од 17.30 часот.

6.Подрачен центар Арачиново,  работи во просториите на ОУ “Ѓерѓ Кастриот Скендербег” со 2 образовни групи.Условите за работа се нормални. Наставата започнува по завршетокот на редовната настава во самото училиште, од 17:30 часот.

7.Подрачен центар КПУ Идризово , работи во Централниот затвор во Идризово. Наставата е редовна. Воспитно-образовниот процес подлежи на посебен режим. Во центарот работат 3 образовни групи. Условите за работа се нормални, кабинети и работилници нема. Наставата започнува не подоцна од 11 часот.

8.Подрачен центар Илинден, работи со 3 образовни групи од оваа учебна година заради зголемен интерес на локалното население за дооформување на основноте образование. Наставата се изведува во ОУ Гоце Делчев во с. Белимбегово во една смена со почеток во 13.00 часот.

  1. 9. Подрачен центар Браќа Хамид Рамиз, работи во просториите на ОУ Браќа Рамиз Хамид општина Шуто Оризари со 2 образовни групи. Условите за работа се нормални и ги задоволуваат сите критериуми. Наставата од 18 часот.