Информатор

 

И Н Ф О Р М А Т О Р

За работа на Основно училиште за возрасни

АНТОН СЕМЈОНОВИЧ – МАКАРЕНКО

Скопје

Информатор е основан врз основа на  Закон за основно образование, Закон за образование на возрасни, и правилници за работа.Информатор е издаден од страна на Основно училиште за возрасни „Антон Семјонович– Чаир-СкопјеОдговорно лице е директорот на училиште : Г-дин,Hazbi Topojani 

Содржина :

  • Основни информации за работата на Основно училиште за возрасни А.С.Макаренко“-Скопје
  • Структура
  • Училишен одбор
  • Директор на училиште
  • Опис на правила во врска  со работата
  • Список на барани информации
  • Прописи според кои работи училиштето
  • Архивирање

 

  • Основни информации за работа на Основно училиште за возрасни АС.Макаренко-Скопје

Адреса : ул.Џон Кенеди бр.32

Општина Чаир , град Скопје

Е-mail.: a.s.makarenko@hotmail.com

 

  • Структура

Управен орган  е : Училишен Одбор

Раководен орган :Директор на училиште

Стручен соработник : Училишен педагог

Наставен кадар :Наставници од одделенска  и предметна настава

Администрација: Секретар

Технички персонал :Хигиеничари и хаусмајстор

Училишен одбор – Претседател Мустафа Бакиу
Наставен кадар
Стручен соработник
Технички персонал
Администрација
Директор – Хазби Топојани

 

  • Училишен одбор

Училишен одбор е орган на управување на основното училиште.  Училишниот одбор на OУ за возрасни „А.С.Mакаренко“ – Скопје брои  9 члена : 3 претставници од наставниците, 3 од родителите, 2 од Основачот  и 1 од МОН.

 

Членови на училишен одбор се:

1.Мустафа Бакиу – претседател на УО

2.Сенад Зекировиќ

3.Ќенан Нуредини

4.Имерзат Точи Сулејмани

5.Беким Курти

6.Нејази Лесковица

7.Исен Зекири – претставник од Основачот

8.Емир Север- претставник од Основачот

9.Аџере Рамиќи –претставник од МОН

        4)     Директор  на училиште

                 Директорот на училиштето е раководен орган, го застапува и претставува училиштето, одговорен e за законито работење, ја организира, планира и ја води работата на основното училиште за возрасни.

          Директор  во основното училиште за возрасни „А.С. Макаренко “- Скопје  

е Г-дин, Hazbi Topojani.

  • Опис на правила во врска со работата

Училиштето е должно да обезбеди редовно, благовремено и потполно известување на барање на вработените во училиштето, родителите, учениците и сите други заинтересирани странки за работата на училиштето.

За работата на училиштето и неговите органи вработените се информираат преку огласна табла.

 Информирањето го врши директорот и училишниот одбор.

Информирањето може да се врши и преку издавање на училишен весник, билтен и слично.

 

  • Список на барани информации

Зради заштита на тајните податоци и информации од областа на одбраната, училиштето спроведува мерки за заштита на тајноста на податоците од значење за одбраната.

Сите податоци и документи што претставуваат деловна тајна задолжително имаат ознака „доверливо“ или „строго доверливо“.

            Обрврската за чување деловна тајна трае се додека директорот на училиштето или органот кој ги доставил податоците не даде согласност за ослободување од чување на деловната тајна.

 

  • Прописи според кои работи училиштето

Закони:

1.Закон за основно образование

2.Закон за образование на возрасни

3.Правилници

Врз.член 27 од Законот за основно образование  (сл.Весник на РМ бр.44/95 и 21/96 )

4.Статут на училиштето

5.Кодекс на училиштето

6.Годишна програма за работа на училиштето

7.Развоен План на училиштето

  • Архивирање

Сите предмети се архивираат. Податоците и документите класифицирани како деловна тајна се чуваат во посебно определена просторија, нив ги чува и со нив ракува вработен овластен од директорот на училиштето, со посебно решение.

             Заверувањето, архивирањето, уништувањето на материјалите кои претставуваат деловна тајна го извршува директорот на училиштето по наредба на надлежен орган.

             Оддавањето на деловната тајна претставува тешка повреда на работната должност.